Цеца и одговори на муслиманката: Згрозена сум од лагите кои ги измислуваат за Аркан


Веднаш по објавувањето на приказната на Босанката М.М(42) од Бијелина, која тврди дека во 1992 година била робинка на Аркан, неговата вдовица  Цеца Ражњатовиќ за српски Ало вели дека е згрозена од „ големата количина на гнасни и брутални лаги кои се кажани“ и кои не се ни за филм од трети ред.

Босанката го опишала до детаљ наводно ѕверското малтретирање на кое била изложена додека била во заробеништво.

ceca-arkan1-630x419

На нејзините наводи реагирала Аркановата вдовица која вели дека позади ова стои голема пропаганда која со години се води против нашата земја и народ.

– Згрозена сум од количината на грди и брутални лаги кои се кажани. Очигледно е дека позади ова стои некаква пропаганда против Србија, рекла за Ало Цеца Рањатовиќ.

– Ако таа жена доживеала нешто од тоа нека се види и нека се утврди кој е одговорен и нека одговара за тоа, но тоа мој Жељко не го има сторено.

Таа вели многумина можат да потврдат дека Аркан во Сараево не се задржуваше подолго од три дена, тие наводи на извесната М.М не можат да бидат точни.

Кумот на Аркан и политичар Борислав Пелевиќ рекол за српски Ало дека ова не е прв пат да се зборуваат такви работи за гардистите.

– Не можам повеќе да коментирам такви глупости, рекол Пелевиќ кој вчера беше во странство.

Робинка на Аркан: Ме силуваа, тепаа и сечеа по гради, гасеа цигари по моите гениталии…

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1