Цеца се огласи за информациите дека убиството на Аркан го нарачал Милошевиќ


ceca-arkan1-630x419Познатата српска фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ денеска преку Твитер се огласи за пишувањата во медиумите дека истрагата на Специјалното обвинителство за организиран криминал утврдило дека поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ го нарачал убиството на нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ- Аркан.

„На новинарските пишувања за убиството на мојот сопруг ќе имам коментар дури кога и официјалните институции ќе ја потврдат таа приказна“, напиша Цеца на Твитер.

Аркан беше убиен на 15 јануари 2000 година во холот на белградскиот хотел Интерконтинентал.

Ceca-tvit

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1