Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа ја прослави најголемата српска слава Свети Никола.
Како и секоја година, така и синоќа вилата на Цеца беше полна. Традиционално тука беа и претседателот на Општина Јагодина Драган Марковиќ Палма со сопругата, носејќи, букет ружи како и потпретседателот на Владата и земјак на Цеца, Ивица Дачиќ со сопругата.
На гозбата стигна и Ѕвездан Терзиќ со сопругата и синот Костадин, кому посебно му се израдува неговата девојка и ќерка на Цеца, Анастасија. На славата подоцна сама дојде девојката на Вељко, Маша Терзиќ.
Пред куќата на Ражнатовиќ се сликани и родителите на Цеца Мирјана и Слободан Величковиќ, кој од возилото излезе со пар чевли во рака.