Цеца веднаш дошла да помогне. Три лица биле повредени во сообраќајната несреќа која се случила ноќеска после 3 часот во Белград, во близина на стадионот на Црвена ѕвезда, пренесуваат српските медиуми.
Несреќата се случила кога Фолксваген Поло со голема брзина удрил во бандера покрај патот. Ударот бил силен и ја разбудил познатата српска пејачка Цеца, која живее во непосредна близина. Таа веднаш истрчала од својот дом, повикала итна помош и полиција и прва им пружила помош на повредените.
Поради силниот удар, морале да интервенираат и пожарникарите кои од автомобилот ги ваделе повредените патници, кои потоа биле пренесени во белградскиот Ургентен центар. Повредените не се животно загрозени.