Svetlana-Ceca-Raznatovic-saobracajna-nesrecaНесреќата се случила кога Фолксваген Поло со голема брзина удрил во бандера покрај патот. Ударот бил силен и ја разбудил познатата српска пејачка Цеца, која живее во непосредна близина. Таа веднаш истрчала од својот дом, повикала итна помош и полиција и прва им пружила помош на повредените.

Поради силниот удар, морале да интервенираат и пожарникарите кои од автомобилот ги ваделе повредените патници, кои потоа биле пренесени во белградскиот Ургентен центар. Повредените не се животно загрозени.