ЦИА објави таен документ за НЛО над Хималаите


Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ја симна ознаката за тајност на дури 13 милиони страници.

Објавените податоци меѓутоа не се однесуваат само на вообичаените аналитички извештаи, конечно се појави и популарното „Досие Икс“, односно документ за истражувањата на појавувањата на Неидентификуваните летечки објекти.cia-nlo-640x427

Архивата на ЦИА покажува дека американските шпиони не биле заинтересирани само за феноменот НЛО во границите на САД туку и во Западна Европа и над Хималаите.

Во далечната 1968 година ЦИА забележала шест случаи на НЛО на небото над индиските региони , Ладака, Сикима, и над Бутан и Непал, објави „Спутник“.

На 19.02.1968 година објект што свети кој се движи со голема брзина е воочен на небото на североистокот на Непал и на северот на Сикима.
Според извештајот на ЦИА објектот се движел со голема брзина имал издолжен облик и емитувал црвена и зелена светлина.
-Многу брз објект, долг и тенок. Емитува црвено и зелено силно светл, доволно да се гледа како да е ден. Пратено со звук сличен на молња, неколку секудни по појавувањето на објекот, пишува во документот на ЦИА.

Најинтересен дел од извештајот секако е сведочењето забележано на 25 март 1968 година во северозападен Непал.

-Голем метален објект во форма на диск со база од шест стапки и висина од четири стапки е пронајден во кратер во Балтичаур, пет милји североисточно од Похкар, пишува во извештајот. Во продолжението е наведено дека ваков сличен објект е пронајден и во Телакота и Турепасул.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1