ЦИА со децении ја криела вистината за вонземјаните


Вистината е некаде таму, надвор. Не, изгледа дека вистината, барем кога станува збор за ЦИА, се наоѓа на Твитер.

Сите кои веруваат дека виделе “мали зелени” и “летачки чинии”, би можеле да останат разочарани по најновото откритие дека Американската разузнавачка агенција е одговорна за појавувањето на НЛО.

Според NY Post, во извештајот “CIA U-2 Program, 1954. – 1974.”, а кој се однесува на развојот на авиони за шпионажа, објаснето е дека за време на тестирањето на авионот “U-2”, дошло до голем пораст на дојави за НЛО.marsovci vonzemjani mars

Кон средината на 50-тите години од минатиот век, имено, повеќето комерцијални авиони летале на висина од 3.000 до 6.000 метри, додека воените авиони летале на околу 12.000 метри. Но, кога бил конструиран “U-2”, кој летал на 18.000 метри и повеќе, таа оддалеченост била преголема во однос на комерцијалните летови, и неговите сребрени крила ги рефлектирале сончевите зраци, што на земјата давало впечаток дека станува збор за “огнен и светол објект”, стои во извештајот на авторите Грегори Педлоу и Доналд Велценбах, кој бил меѓу најчитаните материјали на ЦИА во 2014-та година.

cia_vonzemljani

Со оглед на тоа дека јавноста не знаела за тестирањето на шпионските авиони и поради фактот што никој не можел да верува дека човекот би можел да лета на висина поголема од 18.000 метри, на светлината на небото се гледало како на “непознат летачки објект”.

Бројот на дојави за НЛО од земјата бил до толку висок, што била започната и операцијата “Сина книга”, која требало да истражи што се случува на небото. Биле споредени дојавите за НЛО со податоците за тестовите на “U-2” и се воспоставило дека повеќе од половината кои биле изведени во текот на доцните 50-ти и раните 60-ти години, се поклопуваат со дојавите на луѓето кои тврделе дека виделе “летачки чинии”. Но, властите тогаш не можеле во јавноста да ја откријат вистината, тврдат од ЦИА.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1