ЦИА знае што се случило со малезискиот боинг?!


Базата на Централната известувачка агенција-ЦИА во Австралија, знае што се случило со малезискиот авион кој исчезна, вели Кевин Барет, познат аналитичар

CIAСпоред Барет, базата на ЦИА во Алис Српингс поседува воени радари и е покриена со сателитски надзор.

-Невозможно е само така да исчезнал, тоа нема смисла, вели тој додавајќи дека потребни се само неколку секунди за активирање на безбедносниот код кој го емитувал авионот.

-Тоа значи дека не постојат околности под кои авионот би имал проблеми толку големи за поради нив да падне, а тој сигнал да не биде активиран. Авионот свртел кон запад и летал, тоа значи дека бил под некој вид контрола, а сепак не бил активиран безбедносниот код ниту ништо слично. Тоа е многу чудно, додава тој.

Според него, бројни се паралелите меѓу ова случување и киднапирањето на авион на 11 септември 2001 година кога беше извршен терористички напад на Америка.

-Токму поради тоа луѓето шпекулираат дека овде е слично сценарио кое тргнало на лошо, вели Барет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1