Ципрас на почетокот на наредниот месец во Скопје!


Грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори, потврдуваат дека на почетокот на април, грчкиот премиер доаѓа во посета на земјава.

Со себе носи голема бизнис делегација и широка лепеза теми за разговор – од трговската размена, туризмот и угостителството преку градежништвото и енергетиката до воената и полициска соработка.

Кај нас кампањата почнува на 1 април и ќе ни биде драго еден висок гостин, премиерот Ципрас да престојува во посета на земјава, изјави премиерот Зоран Заев

Но, дали неговата посета токму во екот на претседателската кампања е случајност или внимателно одбран момент, кој освен промоцијата на Грција како лидер во регионот, би се искористил и за индиректна поддршка на еден од кандидатите.

-Неговата посета е согласно неговиот календар, но секако, неговите пораки ќе одат на контото на Пендаровски, со оглед дека Пендаровски го поддржува Преспанскиот Договор, а Силјановска изрази сомнеж за Договорот, вели Петар Арсовски, политички аналитичар

Посетата на земјава, Ципрас ја најави минатата недела на економскиот форум во Делфи, кога Преспанскиот договор го нарече дипломатско ремек дело.

-Сакам да ве уверам дека што се однесува на владата којашто имам чест да ја водам, решени сме Грција да продолжи да гради врз она што го постигнавме со Договорот. Затоа, сакам да ви откријам, многу бргу ќе бидам првиот грчки премиер кој официјално ќе го посети Скопје, премиер на Грција

Набрзо по престојот на Ципрас на Скопје, се очекува возвратна посета на премиерот Заев на Атина, каде, како што најави самиот, ќе замине со првиот владин авион со натпис Северна Македонија.

На двете посети, на 18-ти март ќе им претходи симболичен настан во Брисел, насловен Појадок за пријателите на Северна Македонија. Ќе го организираат министрите за надворешни на Грција и Романија и на него ќе бидат поканети сите колеги од земјите членки на Унијата. Паралелно со најавите за продлабочување на односите, во Северна Грција деновиве осамнаа летоци, со кои се повикува на автономија на Егејска Македонија. Ги повикуваме македонските браќа од Егејска Македонија да се обединат за автономија на Македонија, гласи содржината на летоците, пронајдени во Лерин и Серес, на кои како автор е потпишана анонимната ВМРО (Обединета).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1