Циркуз со паричката во Загреб, од рака во рака до градоначалникот Бандиќ ВИДЕО


По повод православниот празник, во Загреб денеска се одржал традиционален прием во организација на Српскиот национален совет, на кој се кршело и традиционалното бадниково лепче.

Токму овој адет предизвика големи реакции, кога на „Твитер“ се појави снимка на која попот ја дава паричката на претседателот на Српскиот национален совет Милорад Пуповац, а тој тајно му ја подава на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Бандиќ потоа се фали со паричката.

Ако ова не е циркуз…, коментираат загрепчани.

По многубројните реакции Пуповац за ХРТ објаснил зошто паричката заврши во рацете на Бандиќ.

– Гледате дека тоа го усреќи градоначалникот, тие 10 липи. И тоа би можело да биде доволно. Кога ќе се случи некој од нас да добие паричка, било свештеник, било некој од домаќините, како мене, ние никогаш не ја задржуваме. Се одолговлечи процесот на барање на паричката, а други се разотидоа, тогаш градоначалникот Бандиќ беше прв до мене, и тоа е целата приказна – изјавил Пуповац.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1