Вртлозите пронајдени во Атлантикот претставуваат математички еквивалент на црните дупки, тврдат физичарите. Во прашање е идеја која би можела да доведе до нови начини на човечко разбирање на начинот на кој морските струи пренесуваат ѓубре ширум океаните
Црните дупки претставуваат региони во кои гравитацијата е толку силна да не дозволува на ништо да излезе од нив, па дури ни на светлината.
Овие чудни објекти прв пат се откриени на почетокот на 20-тиот век како математички решенија за единечна генерална релативност, а научниците дури подоцна започнале да собираат конкретни докази за нивното постоење.
Една од интересните работи во врска со генералната релативност е тоа што истите математички решенија можат да се појават и во други ситуации.
Последните години физичарите откриле како да создадат „пластови невидливост„ со помош на метаматеријал со кој ја движеле светлината околу објектот.
Црните дупки управуваат со светлината на ист начин кривејќи ги времето и просторот. Всушност, единиците кои ги опишуваат двата системи формално се идентични.
Токму поради тоа, инженерите успеале со користење на метаматеријали да создадат еквиваленти на црните дупки за да ја придвижат светлината.
Џорџ Халер од Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих и Франциско Вера од Универзитетот Мајами на Флорида, откриле уште еден еквивалент на црните дупки, овој пат во светот на вртлозите.
Вртлозите кои можат да се создадат во водите претставуваат слика слична на онаа која ја оставаат црните дупки.
Тие покажуваат како секоја граница на вртлозите во турбулентна течност поседуваат особини кои ги има и астрофизичката црна дупка.
Ова интересно откритие може да има значајни импликации на нашето разбирање на начинот на кој океанските струи го транспортираат материјалот. Со оглед на тоа дека се што ќе упадне во црните дупки не може да излезе, овие вртлози можат да транспортираат материјал на голема оддалеченост.
Овие резултати исто така наведуваат на можност во иднина да можеме да наидеме на уште еквиваленти на црните дупки, на Земјата.
Нова Македонија