Јужниот дел на Јадранското Море е под гас. Неговите длабочини кријат респектибилни количини на природен гас, но и нафта, пишува Новости.
Професорот Михаило Буриќ, експерт за хидрологија, по повод најновиот тендер за истражување на богатството на водите во морето кај Црна Гора, на кој се јавија повеќе реномирани нафтени компании од светот, вели дека наоѓалиштата ги потврдиле претходните истражувања.Тие се вршени во повеќе фази, а посебно меѓу раните 70-ти и 80-ти години од минатиот век и потврдија дека се идентификувани многу нафтено-гасни објекти.