Црна Гора ќе му исплати 130.000 евра на претепан граѓанин на протест


Владата на Црна Гора ќе исплати 130.000 евра отштета на граѓанинот Милорад Мартиновиќ кого полицијата го претепа за време на протестот на опозицискиот Демократски фронт во октомври во Подгорица, потврди  црногорската Влада.

crna_gora

Владата со адвокатите на Мартиновиќ договорила вонсудско порамнување и го усвоила предлогот на Министерството за внатрешни работи за отштета.

Припадниците на Специјалната антитерористичка единица на црногорската полиција брутално го претепале Мартиновиќ на 24 октомври и го искршиле неговиот автомобил.

Обвинителството води истрага за тепањето, а во притвор досега беа двајца припадници на специјалните единици, кои наводно признале дека учествувале во претепувањето на Мартиновиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1