Црна хемикалија истече во реката Брегалница


Пет индустриски капацитети се потенцијални предизвикувачи на загадувањето на река Брегалница, кога пред два дена низ каналот кој води до поранешниот ТК „Македонка“, каде се и сместени фабриките протече хемикалија со црна боја. Инспекторите веднаш излегоа на терен за да утврдат кој се одважил да испушта обоени материи директно во речното корито.

– Моментот кога дојде до хаваријата често пати се мешаа одредени обојувања, така што имаме компании во (поранешен) ТК „Македонка“ кои имаат обојување од различни сфери на колоритот или на виножитото, така што не можеме да потенцираме еден одреден субјект кој е потенцијален загадувач-изјави Сенка Андреева.

Со проблемот е запознаен и државниот инспектор, кој лично присуствувал во земањето мостри. Лабораториските анализи ќе го утврдат загадувачот најдоцна до 2-ри мај, но според првичните сознанија се работи за хемиско, а не за органско загадување, односно за грда еколошка слика, поради што и нема помор на риби. Меѓутоа, ова не е изолиран инцидент.

– Рекреативните риболовци од ЗСР „Брегалница“ реагираат веќе 6 години да се запре со ова, но за жал никој не презема ништо-изјави Багој Димитров.

– Значи, еднаш за секогаш да се затвори овој проблем, затоа што не е прв пат река Брегалница да трпи такви проблеми-изјави Андреева

Состојбата е уште по алармантна, ако се земе предвид фактот, што во непосредна близина се бунарите од кои градот се снабдува со вода за пиење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1