ЦРНА ЈАСМИНА: Девојка ги убива своите љубовници (ФОТО)


Јасмина Цветковиќ (37) шест години била во затвор поради убиство на Александар Пауновиќ (22), викан Малиот Паун, а вчера е уапсена повторно бидејќи го убила Милан Томовиќ (38).asmina-antonijevic1_ff

Девојката-убиец е на слобода повеќе од седум години, а пред заминувањето во затвор го променила своето презиме од Антонијевиќ во Цветковиќ. Таа, меѓутоа, вчера е повторно уапсена поради сомнение дека до смрт го избодела со нож своето момче Томовиќ.

Новото убиство се случило завчера околу 22:30 часот на улицата “Никола Марковиќ“ во стан кој е сопственост на пријател на сега убиениот Томовиќ, Владимир Петровиќ, кај кого љубовниот пар бил на гости.  Соседите велат дека тие двајца често го посетувале Петровиќ и дека секојдневно седеле во паркот пред зградата.stan

На злочинот му претходела жестока кавга за која соседите велат дека се слушала до раните утрински часови.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1