Црна прогноза: Светот не може да побегне од криза


После неколкугодишен релативен мир и стабилен глобален раст, шансите за рецесија повторно се високи и постојано растат, проценуваат од банката Ситигруп.

„Според нашето мислење, растот на светската економија е на многу несигурно ниво, по две до три години на релативен мир“, велат од тимот на економисти на Ситигруп, предводен од Вилијам Битер, а пренесува њујоршката агенција Блумберг.ekonomija danok

„Долготрајните проблеми во светската економија се однесуваат на структурното и циклично забавување на Кина, и нејзиниот неодржлив режим на девизниот курс, потоа на оргомното ниво на долгот во многу земји во светот, како и на тековната регионална и глобална геополитичка криза“, наведуваат економистите.

Тие истовремено ја ревидираа својата прогноза за растот на глобалната економија за тековнмата година на 2,5 отсто, од претходните проектирани 2,7 отсто.

Во заклучокот на извештајот Ситигруп наведува дека за избегнување на рецесија и натамошно забавување на потенцијалниот раст на БДП, на светот му е потребна лабава монетарна политика комбинирана со фискални потикнувања и структурални реформи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1