Две најразорни епидемии на чума во историјата на човештвото, од кои секоја убила повеќе од половина од населението во Европа, предизвикани од различни видови на истиот инфективен агенс, покажува најновата студија
Подетални анализи покажале дека различни слоеви од оваа бактерија, ја предизвикале Јустинијановата чума, односно Црната смрт. Додека видот кој ја предизвикува Јустинијановата чума исчезнал, Црната смрт се појави повторно во средината на 19 век, од која во Кина и индија починаа околу 12 милиони лица.
Научниците во најновата студија предупредуваат дека би можело да дојде до нова епидемија на чума, како последица од бактеријата која живее во моменталната популација на глодари.
-Клучно е да се нагласи дека сето тоа би можело повторно да се случи. Се случи веќе три пати и поради тоа мораме да набљудуваме на се што би можело да се случи во иднина- рече Хендрик Поинар, директор на ДНК центарот на Универзитетот во Хамилтон.
Неговите колеги тврдат дека низ историјата, вирусот на чума од глодарите, преминувал на луѓето, а дека „резервоарите“ на чума постојат во многу делови на светот.
Сепак, научниците се надеваат дека сегашните антибиотици како и климатските промени на планетата, можат до некаде да го предупредат ова сценарио.