Црнокрак: Како Дунавка стигнала до изборот, сама си знае


Модниот менаџер Мики Црнокрак вели дека лиценцата за Мис гранд интернешнл, каде годинава Македонија ја претставуваше Дунавка Трифуновска, до лани била во рацете на модното студио „Црнокрак“.dunavka11_thumb_medium500_500

– Годинава во исто време со тој избор беше и изборот „Мис Глоуб“ во Канада, за кој со месеци одржувавме избор на мис низ Македонија и каде нашата Елена Анѓеловска ја освои титулата  втора придружничка. Затоа што тој избор ни беше поважен, се извинив кај организаторот и кажав дека годинава нема да учествуваме. Како таа стигнала да биде претставник на Македонија, сама си знае – вели Црнокрак за „Република“.

За претставник на Македонија за овој избор на убавина, каде учествуваат претставнички од 70 земји низ светот, немаше никаков избор. Не е познато како Дунавка Трифуновска стигнала до таа лиценца. Се коментираат различни верзии за тоа како Дунавка отиде во Тајланд, па дури и најниски и најсрамни начини. Но за тоа, никој не сака да зборува јавно.

Друга контроверзија околу нејзиното учество во Тајланд, се и критериумите кои една претставничка треба да ги поседува, меѓу кои и оној за возраста.dunavka-godini-11-520x292

Учесничките мора да се меѓу 17 и 25 години. Иако на официјалната страна на изборот, пишува дека Трифуновска има 24 години, вистината е малку поинаква.

Нејзиниот настап на изборот, не предизвика реакции само во Македонија, туку беше и на потсмев во тамошните медиуми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1