Црноморска депресија деновиве ќе ја погоди Македонија


Во следните неколку денови регионот на Македонија ќе биде под влијание на Црноморска депресија, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

dozd_1_7Поради тоа, како што објаснуваат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно и релативно свежо за овој период од годината ќе има повремени локални врнежи од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег, а на планините од снег.

Засилување на ветерот од север се очекува за викендот, особено повеќе в недела, што ќе предизвика извесно опаѓање на температурата на воздухот.

Температурите ќе се движат од пет до 15 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1