Ќе се гради модерен и современ скејт парк во Скопје


Градот купи реквизити за опремување скејт-парк. Неодамна склучи договор со фирмата „Фреакс дивисион“ од Скопје, вреден 81.000 евра.

skejtparkЗа таа вредност ќе набави опрема за адреналинскиот парк, кој планира да го гради под Транспортен центар. Скејт-паркот ќе биде еден од ретките нови проекти кои актуелната градска власт ги планира за годинава.

Кога ќе почне изградбата и кога ќе биде готов скејт-паркот, надлежните се уште не можат да прецизираат. Допрва ќе се утврдува и начинот на неговото функционирање, работното време, регулацијата на влезот и користењето на паркот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1