Црвен крст: Потребна е вода за пиење и средства за хигиена за настраданите во поплавите


Црвениот крст на РМ согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење. Црвениот крст на РМ согледувајќи ја состојбата во поплавените подрачја продолжи со дејствување за обезбедување на помош на настараданото население. Во овој момент се наметнува потреба за обезбедување на дополнителни количина на вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја кои поради излевање на реките водата не е за пиење.

crven krst
Согласно направената проценка, во моментот има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (срдства за дезинфекција). Помошта компаниите можат да ја предадат во Скопје во магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, со адреса ул.Момин Поток бб, телефон за контакт: 3114 – 355), се вели во соопштението.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка 
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Хуманитарната акција започнува од 03.02.2015 и трае до 15.02.2015 година.

За текот и резултатите од акцијата јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.
Црвениот крст на РМ упатува голема благодарност до граѓаните за интересот и подготвеноста да се вклучат во ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Црвениот крст на РМ дополнително ќе информира за евентуалната потреба од вклученост на граѓаните за обезбедување на конкретна материјална помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1