Нови правила: Ако кабелската исклучи ТВ канал – раскинување на договорот без пенали


Листа со сите телевизиски програми ќе мора да содржи секој претплатнички договор што ќе се склучи меѓу корисник и кабелски оператор, ИП оператор или оператор на дигитална телевизија. Ако операторот исклучи некој од наведените програми, корисникот ќе има право да го раскине договорот без никакви пенали, информираше директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски. Измените се предвидуваат со новиот Правилник за општи услови што го усвои АЕК.big-screen-plasma-tvs

„Во моментот кога ќе потпишете претплатнички договор со некоја кабелска или со некој друг комерцијален провајдер тој се обврзува на листа на канали кон крајниот корисник, што подразбира дека треба да ги обезбеди и авторските права. Ако тоа не е обезбедено во тек на траењето на претплатничкиот договор корисникот може веднаш да го раскине договорот, што не беше случај досега. Телевизиските оператори досега беа во состојба да ја менуваат содржината, но сега веќе не можат да го прават тоа“, рече на денешната прес-конференција Ордановски.

Со стапување на сила на Правилникот, операторите ќе мораат да ги обноват договорите со претплатниците и во нив да ги наведат каналите.

Новина е и ограничувањето на сметките во роаминг. Односно, ако претплатникот направи сметка од 1000 денари за интернет во роаминг, операторот мора да го извести за висината на сметката и да го праша дали ќе продолжи да ја користи услугата. Ограничувањет има и за разговорите во роаминг и тоа на 3.000 денари по што исто така корисникот добива прашање дали сака да го продолжи да ја користи услугата.

Повеќе на следниот линк –

Од 30 јуни нема роаминг меѓу Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ – еве колку ќе плаќаме

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1