Хидрометеоролошкиот институт на Србија прогласи црвен метеоаларм од денеска до недела, што значи дека предвидува „особено опасни метеоролошки феномени“.
Првиот ден од март Србија беше под студ, снег и мраз, а температурите паднаа до минус 24 степени, измерени во Сомбор и во Сјеница.
Поларниот студ во Србија веќе зеде два живота, а екстремниот студ им штети и на болните, но и на здравите луѓе.