Како што најавуваа метеоролозите во минатите денови, во Хрватска веќе дојде до голема промена на времето. Ноќеска околината на Загреб ја зафати силно невреме проследено со дожд и грмежи, а во Горски котар е регистриран првиот снег.
Црвена тревога освен за главниот град е вклучена и за северниот дел на земјата, но и за северното приморје и Истра. Граѓаните се предупредени дека се можни оркански ветришта кои на одделни места можат да достигнат брзина од 120 километри на час.
– Црвеното предупредување значи дека времето е исклучително опасно. Се прогнозира исклучително интензивен метеоролошки настан. Голема штета и незгоди се можни на големо подрачје и тоа во најголемиот број случаи ќе бидат опасни по живот. Често информирајте се за очекуваните метеоролошки услови и ризици. Следете ги наредбите и советите дадени од страна на државните тела во било кои услови и бидете подготвени за вонредни мерки, наведува Метеоалармот во предупредувањето.