Црвениот телефон за „не дај боже“ консултации меѓу Русија и САД – наполни 50 години и активен е


Црвениот телефон меѓу Вашингтон и Москва вчера одбележа 50-годишнина од неговото воведување.

„Важно е да го имаме тоа средство, особено доколку се има предвид тоа што се случува во Сирија“, изјави Роалд Сагдеев, поранешен директор на советската програма за вселенски истражувања, а сега професор по физика на Универзитетот во Мериленд.

606x341_237180_red-telephone-line-is-50-years-oldДе факто, врската е воспоставена во 1963 година само за писмени комуникации. Децении подоцна е додадена и гласовната компонента, со еволуцијата на системот од телеграфски кабел по морското дно до денешната размена на информации преку сателит и оптички кабли.

Црвената линија е отворена по кубанската ракетна криза во 1962 година, за да се избегне избувнувањето војна. Точно на денешен датум пред половина век таа почна со работа. Првата порака пратена преку неа е познатиот текст „The quick brown fox jumped over the lazy dog’s back 1234567890“ (Брзата кафеава лисица го прескокна грбот на мрзеливото куче 1234567890).

До 1990 година претседателите ја искористиле црвената линија над 15 пати.

Во 1990-тите години на минатиот век Џорџ Буш ги замени писмените пораки со телефонски разговори. Со текот на времето, телефонските разговори стануваат префериран начин за комуникација меѓу претседателите на Русија и САД.

Актуелниот американски претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин последен пат разговараа преку оваа линија во март. Тогаш Обама му се обрати на Путин за да ја поздрави соработката на Русија во напорите на меѓународната заедница да се справи со иранските нуклеарни амбиции.

Сателитската врска за црвената линија од американска страна се наоѓа во американската воена база Форт Детрик. Таму за таа цел се користат две сателитски чинии, за кои се грижи персонал од 16 цивили. Тие работат во смени 24 часа дневно. Од базата се управуваат и тајните комуникациски линии на Стејт департментот и Пентагон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1