Црвенковски: Најдобро е Заев да си оди од СДСМ


-СДСМ е во сериозна криза, една од најтешките од формирањето на партијата – вели поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, во интервју за Дојче Веле.

zaev-branko– Ќе биде ѓаволски тешко брзо да се консолидира, да се постигне единство, да се мотивира членството и да се охрабрат граѓаните. А отпор не се тера од канцеларии и на прес- конференции. За тоа е потребно лидерство со голем кредибилитет и уште поголем обединувачки капацитет. Потребен е авторитет кој ги надминува рамките на партијата. И да бидам директен: за оваа ситуација не сме решение ни јас, ни Заев. Зошто не јас? Постојат повеќе причини, но ќе споменам само една, која е сосема доволна: ‘Бранко е крив’. Оваа перцепција, без разлика колку е производ на смислена негативна кампања, а колку се должи на мои објективни грешки, не смее да биде дополнителен товар на партијата во овие тешки времиња. Што се однесува до Заев, исклучително ја ценам неговата храброст и решителност во обелоденувањето на криминалните афери на власта. Тоа мора да се почитува. Но серијата погрешни проценки за клучни прашања, водењето на политика од денес до утре, продуцирањето на внатрешни поделби во партијата, за жал, не гарантираат успешно лидерство. Сметам дека за СДСМ е најдобро да се оди со сосема ново решение – додава во интервјуто, Црвенковски.

Прашан, зошто ако СДСМ има кадровски решенија со посилен кредибилитет и уште поголем обединувачки капацитет, зошто тие и досега не биле промовирани, тој е дециден дека такви личности во партијата има.

– Се разбира дека има. Нема да лицитирам со повеќе имиња. Во оваа прилика само би го споменал нашиот претседателски кандидат Стево Пендаровски. Неговиот изборен резултат од 400.000 гласови, под еднакво нерегуларни изборни услови, наспроти 280.000 гласови за пратеничката листа на СДСМ со коалицијата, говори за кредибилитет кој мора да се респектира. ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите напори и огромни потрошени пари, не успеа да реализира ефикасна негативна кампања против Пендаровски. Неговата беспрекорна биографија не им остави простор за тоа. Пендаровски не бил и не е дел од какви било партиски поделби, што би му дало одлична стартна основа за внатрешно помирување и обединување на партијата – вели Црвенковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1