Црвенковски: Овие избори за нас се целосно нелегитимни


За нас овие локални избори не беа фер, не беа демократски и за нас се целосно нелегитимни, изјави лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

crvenkovski2Тој порача дека Македонија не е слободна и демократска држава и она што се случило на изборниот процес, според Црвенковски е кулминација на тоталитаризмот на режимот на премиерот Никола Груевски. Обвини за притисоци, поткупи, уцени и фантомски гласачи.

„Ви тврдам дека нема слободна нема демократска држава во која има ваква злоупотреба на државните институции, до крај сите се во функција на владејачката партија. Ви тврдам дека нема демократска држава во која на ваков безобразен начин се трошат буџетските пари, се узурпира медиумскиот простор. Во таква недемократска држава не може да има фер и демократски избори. И она што го видовме е кулминација на тоталитаризмот на режимот на Груевки. Се применија сите досега познати, а богами и непознати тактики и стратегии за фалсификување на волјата на граѓаните. Се вршеа притисоци, закани уцени поткуп и корупции, за на крајот да се носат граѓани од други градови и други земји“ изјави Црвенковски.

Тој предупредува дека работите во земјата не се движат во добра насока и дека наскоро ќе дојде денот кога македонскиот народ ќе ја плати цената за погубните политики.

„Работиве во нашава земја нема да излезат на арно, за жал не е далеку денот кога ќе треба да се плати огромната цена за овие погубни и погрешни политики. Цената ќе ја платиме сите ние без разлика кој кого поддржувал и кој за која партија гласал, целата наша земја“ рече Црвенковски.

Тој порача дека диктатурата не може да биде само од една партија, туку единствено може да биде срушена од народот. Тој најави дека ќе продолжат со битката против власта.

Сојузот за иднината вечерва прогласи победа во Струмица, Куманово, скопската општина Центар.

Извор: Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1