Цукерберг ќе им ги руши куќите на соседите за да има подобар поглед


Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг обелоденил дека четири куќи во близина на својот дом во Пало Алто, Калифорнија, кои ги купил во изминатите неколку години, ќе бидат срушени и заменети со помали објекти, со цел да има подобар поглед од неговата спална соба, јавуваат американските медиуми.mark cukenberg kjerka

Куќите кои Цукерберг ги купил во 2012 и 2013 година за повеќе од 43 милиони долари кои се наоѓаат во близина на авенијата Хамилтон и Еџвуд Драјв во Пало Алто, ќе бидат демолирани и ќе бидат заменети со помали куќи на истото место со тоа што луѓето кои ќе живеат таму нема да можат да го гледаат дворот на Цукерберг.

Портпаролот на компанијата која стои зад овој проект изјавил дека Цукерберг не одлучил што ќе прави со куќите кои ќе бидат дислоцирани.

– Тој ги заменува куќите, а не ги демолира – изјавил Мајлс Редклиф Тренер, додавајќи дека сопствениците на куќите се преселиле пред една година.

– Никој нема да биде исфрлен од својот дом, и овие куќи нема да бидат користени за комерцијална употреба – додал тој.

Плановите на Цукерберг мора да бидат одобрени од комисија за градско планирање и засега нема времеснка рамка за рушењето и реконструкцијата на овие куќи.

– Нема причина да се мисли дека ова ќе биде контроверзен план, бидејќи целта на Цукерберг е се да се заврши одеднаш и тоа да нема последици за неговите соседи – изјавил Радлкиф.

Цукерберг е загрижен од можноста за мешање во неговиот приватен живот, и за да го избегне тоа тој од властите треба да добие одобрение за рушење на две еднокатни згради во близина на неговиот дом. Наместо нив е предвидено да бидат изградени четири куќи, со помала димензија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1