Сопственикот и основачот на Facebook Марк Цукерберг објави во четврток дека ќе стане татко по вторпат.
„Присила и јас сме среќни што можеме да објавиме дека очекуваме уште една ќерка“, напиша во пораката објавена на оваа социјална мрежа.
Засега не открива дали ќе користи породилно отсуство како при првото дете.
По раѓањето на првата ќерка Максима во ноември 2015 година, сопружниците ветија дека ќе донираат 99 отсто од имотот за добротворни цели.
Така во септември 2016 година најавија дека во следните 10 години ќе издвојат три милијарди долари за својата фондација Chan Zuckerberg Initiative, која планира да пронајде нови лекови за сите болести или барем да овозможи да се држат под контрола оние за кои сè уште нема лек.