Тука ќе живеат македонските богаташи – комплекс во предградието на Скопје


Понудата на недвижности во Скопје е збогатена со нова луксузна станбена населба. Комплексот „Верина“ се простира на околу 30.000 метри квадратни, а во склоп на седумте објекти има вкупно 58 ексклузивни станови со површина од 170 и 210 метри квадратни. Верина се наоѓа на атрактивна локација кај Орман и Волково, во близина на скопската обиколница]. Населбата е од затворен тип со сопствено обезбедување.

Станарите ќе може да уживаат во 15.000 метри квадратни зелена површина, порибено езеро со површина од 5.000 метри квадратни, вештачки водопад, базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања. Сите објекти се опремени со панорамски лифт, а становите се распоредени по два на еден кат и се целосно одвоени, односно немаат заеднички ѕидови. Секој стан има поглед кон езерото. Покрај ова, сопствен систем за греење и ладење, како и сопствен паркинг простор се дел од поволностите за идните станари.

„Верина“ се наоѓа на мирна и тивка локација далеку од градскиот метеж, но со оглед на непосредната близина на скопската обиколница и трасата на планираното продолжување на булеварот Илинден, комплексот има одлични сообраќајни врски со центарот и со другите делови на градот. Дополнително, со својот концепт и со квалитетот на градбата и на вградените материјали кои се на највисоко ниво, „Верина“ наметнува нови повисоки стандарди за домување во нашата држава. Градежните работи ги реализираше градежната компанија „Никоб Инженеринг“.

build.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1