ВИДЕО: Новинар на „Скај Њуз“ претура по личните предмети на жртвите од малезискиот авион


Откако новинарот од Sky News на местото на падот на малезискиот авион во Украина се приклучи во живо во програма и пребаруваше по багажот на починатите патници, ТВ куќа се извини на гледачите.

1bfd613c02735b469981d748b4e466fdВпрочем, во јавувањето во живо, Колин Бразиер беше снимен како ги зема клучеви, четки за заби, термос шишиња и тоа од отворените торби на починатите патници. Но во еден момент, тој станал свесен што прави па изјавил “Веројатно не треба ова да го правам”.

Според Гардијан. неговиот чин предизвикал низа бесни коментари по социјалните мрежи.

-Ова е многу лош момент за новинарската професија. Не секогаш треба да се истражува по цена на се. Неговиот чин треба да се казни, се само дел од коментарите кои кружат низ социјалните мрежи.

Потпаролот на Sky News изјавил дека Колин одма сфатил дека се однесувал несоодветно и дека се извинува доколку некого навредил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1