Повеќето урагани кои во последно време ја погодија Америка настанале на исто место – станува збор за локација во близина на брегот на Ападна Африка, во близиа на Капе Веедеа.
Еве што се случува таму, а целиот приказ погледнете го во видеото: На точно тој дел доаѓа до „судир“ на две потполно различни појави – топли суви ветрови кои доаѓаат од Сахара и ладните и влажни ветрови кои доаѓаат од влажните подрачја на југот.
Овие неверојатно силни ветрови се познати и како „African Easterly Jet” и се клуч на разорни урагани кои доаѓаат до Америка.
За разлика од времето во Америка, кое се менува од запад кон исток, овој афрички се движи од исток према запад. Овие ветрови се всушност се прават низ целата година, а во септември стануваат најсилни, скоро смртоносни, пренесува Express.hr.
Тие ветрови преминуваат преку топлите екваторски води и предизвикуваат зголемување на топлиот и влажен воздух над Атлантикот. Тој надпросечен и влажен воздух создава олуја и неверојатно брзи ветрови кои ретко можат да се видат.
Кога ветерот ќе достигне брзина од 120 километри на час тој станува ураган од прва категорија. Доколку условите се поволни, ветровите достигнуваат брзина од 240 километри на час. Тоа е тогаш ураган од петта категорија – насилен ураган на Земјата.
Повеќето на овие урагани се „разбиваат“ над Карибските Острови или островите по американскиот источен брег, односно завршуваат.
Некои од нив преминуваат во Мексико и завршуваат на Пацификот, како за пример 2014 година кога ураганот Иселе го погоди Хаваи.
Во секој случај, ураганите кои донесоа неверојатни дождови доаѓаат од делот на планетата во кој владее најголемета суша.