Турчин бара македонско државјанство за да биде погребан во Штип


Во поодмината возраст, на 85 години, некогашниот жител на Штип, Карман Четин, деновиве допатува од Истанбул со едно барање – да добие македонско државјанство, јавува Ирис ТВ

Овој витален старец сака да биде погребан покрај своите родители и другите претци, кои живееле на овие простори. Поради тоа, деновиве, заедно со подалечните роднини, кои останале да живеат во Штип, подготвува документација за да го добие државјанството.m-prilog-drzavjanstvo-27072015

Од Штип заминал 1957 година, македонскиот јазик го подзаборавил, но и пријателите. Сега со нивна, но и со помош на медиумите, сака да извади македонско државјанство. Вели младите не можат да ја разберат неговата желба, но каменот си тежи каде му е местото.

Со себе во Истанбул овој 85 годишен старец понел убави спомени од градот под Исарот. Се уште се сеќава на детските игри, на улицата и пријателите со кои израснал, како и за моментите кога им носел храна и вода на партизаните.

Четин е еден од околу шесте милиони граѓани, кои во педесетите и шеесетите години од минатиот век се иселиле од државата и сега живеат во Турција. Најмногу македонски семејства има во Маниса, Бурса, Измир и Истанбул.

Четин вели дека помладите членови на неговото семејство не можат да ја разберат оваа негова желба бидејќи тие се родиле и живеат во Турција, која е единствена нивна татковина. Но, не и за Четин, кој сè уште ги памети своите пријатели Македонци.

Со помош на својот роднина, раскажува како го памети времето на партизаните, кога како многу мал, им носел вода на борците во околната шума.

– Им носев леб на партизаните. Тошо Арсов пред мене го убија – раскажува Четин.

Семејството на овој жител на Истанбул се иселило во 1957 година, во времето на масовното заминување на турските семејства од овие простори. Штип е еден од градовите од каде се иселија илјадници Турци во само неколку месеци. Според податоците, од Македонија во Турција се иселиле околу 450.000 луѓе.

Законот е на страна на Карман Четин, кој со фактот дека се родил во Штип, може да добие македонско државјанство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1