Турчин ја тужи сопругата поради навреди на Ердоган


Еден возач на камион од Турција поднел тужба против неговата сопруга, бидејќи го навредувала турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Али Д. (40) во повеќе наврати ја предупредил својата сопруга Г.Д., со која е во брак веќе три години, да не упатува пцости кон Ердоган кога тој и да се појавел на телевизија, објави весникот „Јени Шафак“.erdogan

Меѓутоа неговата сопруга на ваквите предупредувања му одговорила: „Снимај ме и поднеси тужба“.

Но, кога го изговорила ова веројатно не очекувала дека сопругот навистина ќе го стори тоа. Имено, Али навистина ги снимил „навредите“ на неговата сопруга и ги приложил на суд како доказ заедно со тужбата.

– Ја предупредував и велев да не го прави тоа. Нашиот претседател е добра личност која прави добри работи за Турција, изјави Али Д. за провладиниот весник „Јени Шафак“.

Неговата сопруга спротивно од тоа „продолжила да го навредува Ердоган или го менувала каналот кога тој ќе се појавел на телевизија“.

– Дури и мојот татко да го навреди претседателот нема да му простам и ќе го тужам, додаде Али Д.

Засега не e јасно како судот ќе реагира на тужбата, но за возврат 38-годишната Г.Д. веќе поднела барање за развод.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1