Иако во некоја далечна земја може да се чувствувате подеднакво безбедно како дома, сепак неколку измами во текот на патувањата се повторуваат во целиот свет. Правилото е едноставно – се што изгледа дека е предобро за да биде вистинито, најчесто ќе ви се урне на глава.
Меѓутоа измамниците нема да се обидат да ве зезнат само на поевтино и подобро сместување, ресторани или вредни сувенири. Особено во големите градови можете да станете жртва на софистицирани џепчии или добро организирани измамници.
Измама во барот
Измамата е претежно насочена кон мажите туристи, на кои им приоѓа згодна млада девојка и со нив почнува неврзан разговор.
Наскоро го кани на пијалок во околниот бар, каде излегува со друштвото, а туристот кој е задоволен поради тоа што има можност да се запознае со локалното друштво се нуди да им го плати пијалокот. Девојката во меѓувреме исчезнува, а конобарот доаѓа со астрономска сметка на која се претежно најскапите пијалоци.
Во некои земји таксистите или неслужбените туристички водичи ќе се обидат да ве уверат дека хотелот или ресторанот во кој сакате да одите не работи, односно дека некое време веќе е затворен. При тоа ќе ви понудат уште подобро место, каде тие ќе добијат провизија.
Проблеми со моторот
Желбата цел ден новата средина да ја истражувате на скутер може да се претвори во кошмар, доколку изнајмите мотор на погрешно место. Не е реткост сопствениците самите да го украдат изнајмениот мотор, откако ќе го паркирате, а потоа да бараат голем надомест.
Продавачи на евтин накит или теписи
На влезот од продавницата до која ве довел локалниот возач на такси или рикша често пати можат да ви понудат „вреден“ накит, скапоцени камења или скапоцени теписи – секако под вистинската цена. Добро размислете, бидејќи речиси се што ќе купите во продавница, која не е овластена за продажба на такви производи е веројатно лажно и безвредно.
Алчни таксисти
Возачот, кој ве превезува во новиот град, најчесто ќе се обиде со секакви трикови да ја зголеми цената на услугата. Од „расипани“ таксиметри до залудни кружења по улиците, со цел таксиметарот да покаже повеќе. Доколку патувате до хотелот, најдобро е пред доаѓањето да се распрашате за вообичаената цена на такси услугата и тој износ да му го понудите на возачот.
Понекогаш и вистински полицаец може да ве запре на патот и да ви побара пасош. Меѓутоа доколку сообраќаецот заклучи дека нешто не е во ред со визата, со која без проблеми неколку дена претходно сте влегле во земјата или се обидува да ве казни за прекршок за кој знаете дека не сте го направиле, веројатно сте жртва на маскирани измамници. Обидете се да не им давате пари на лице место и љубезно предложете проблемот да го решите во станица
Бебе на подот
Во големите туристички градови, особено во Италија, туристите често пати се ограбени додека се обидуваат да му помогнат на бебето, кое „случајно“ на мајката и испаднало од рацете. Бебињата на улица, секако не се вистински, туку се кукли, мамци за туристи, кои во обид да помогнат, се лесна мета на џепчиите.
На облеката имате измет од птица
На улица ви се приближува љубезен локален жител, кој сака од облеката да ви го отстрани птичјиот измет или дамката од кафе, со кое случајно ве полил, додека минувал покрај вас. Бидете внимателни, бидејќи најверојатно станува збор за одвлекување внимание. Поради дамката, која дотогаш не сте ја имале мошне лесно можете да останете без часовник, мобилен, фотоапарат или паричник. Слично одвлекување на вниманието може да се случи и во рестораните во кои се движат искусни измамници, чии жртви се гостите, кои со паричник во раката сакаат да ја платат сметката.
Ноќен повик од рецепција
Лице кое се претставува како рецепционер ве повикува среде ноќ во хотелската соба и го бара бројот на вашата кредитна картичка, поради наводни проблеми со документацијата. Не наседнувајте, бидејќи во прашање е кражба на лични податоци, прекинете го разговорот и веднаш повикајте ја рецепцијата.
Миа