Туристи преживеале пекол во турски хотел


Вработените решиле несолено да се пошегуваат со туристите кои летувале во луксузен хотел на турското крајбрежје во Исмелер кај Мармарис.

Тие облечени во арапски алишта, со пластични пушки и пиштоли и канти со „бензин“, им влетале на туристите кои лежеле покрај базенот.plaza-ziv-zakopan-pesak-1406208414-540081

Она што го правеле била симулација на терористички напад од страна ИСИС.

Најпрвин зочнале да викаат, а еден Британец и го потуриле со „бензин“ закајнувајќи се дека ќе го запалат. Останатите преплашени, со врисоци бегале обидувајќи се да се спасат.

Туристите, поголемиот број од нив Британци, уште повеќе биле шокирани кога вработените им објасниле дека ова е дел од забавната понуда на хотелот.

-Како можеа тоа да ни го направат? После се што се случи во Тунис, каде што загинаа десетина наши сонародници. Дали се нормални, прашува еден од туристите за британските медиуми.

Инаку, оваа безобразна шега доаѓа само 6 недели по терористичкиот напад на плажата во Тунис.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1