Туристите кои го симнаа македонското знаме протерани од земјата


ZNAME_SIMNATO-240Странските државјани кои ноќеска во Охрид го симнаа и оштетија македонското знаме од јарболот во центарот на градот, денеска се протерани од Македонија и изречена им е забрана за влез во земјава во период од пет години, како и парична казна од 1.000 евра. Тестирањето покажа дека биле пијани кога го симнале знамето.

Основниот суд во Охрид по итна постапка на сторителите им изрече мерка „протерување од државата“.
Инцидентот се случи утринава околу 3.30 часот, кога тројца државјани на Австралија, еден на Нов Зеланд и еден Англичанец го симнале знамето од јарболот. Тоа предизвика голема нервоза кај охриѓани, па мораше да интервенира полицијата. Алкотестирањето покажало дека странците имаат големо количество алкохол во крвта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1