Tуристка од Јужна Кореја трагично го завршила своето патување. Таа загинала правејќи селфи на Плитвичките езера во Хрватска.
Додека со група пријатели шетала низ познатиот национален парк, во еден момент се лизнала нa патеката и паднала во бездна длабока 70 метри.
И покрај тоа што веднаш било реагирано од спасувачките екипи и таа префрлена во болницата во Карловац, лекарите не успеале да ја спасат.
Несреќата се случила околу 11 часот претпладне, а кога ренџерите од Националниот парк ја извлекле од студената вода, таа сè уште била жива, но околу 14.35 часот починала во болница.