Турска фирма вработува во Македонија – бара 150 работници


Од Нова година почнува со работа фабриката за производство на индустриски ластик на турската фирма „Јагјемезлер“, која веќе 10 години има своја текстилна компанија во индустриската зона во поранешниот Текстилен комбинат „Македонка“ во Штип.

Денеска во компанијата пристигнаа дополнителни 12 специјализирани машини, кои заедно со претходните ќе бидат и инстализирани за производство.

Во моментов моментоцв се бараат 150 невработени млади лица кои ќе се обучуваат за производство во новата фабрика.rabotnici-480x272

Сопственикот на „Јагјемезлер“, Рахми Каја вели дека оваа инвестиција чини околу 9 милиони евра. Но, плановите не му застануваат и најавува дека во план им е и отварање голема фабрика за производство на индустриски ластик во ТИР зоната во Штип.

– За фабриката која планираме да ја градиме во ТИР зоната во Штип потребни ни се 25000  метри квадратни, а за овој наш план ќе разговараме со градоначалникот на Штип и секако со претставници на Владата. Планираме во оваа фабрика да имаме 500 машини за производство на индустриски ластик. Значи една година ќе работеме овде во оваа фабрика со 100-те нови машини и ќе се обучуваат работниците, откако ќе го усовршиме производството ќе преминеме кон изградба на фабрика во ТИР зоната, изјавил  Каја.

Плановите им се во  фабриката за производство на ластик во ТИР зоната да инвестираат околу 50 милиони евра.

Според него, Владата во изминатиот период ги поддржува инвеститорите, а секако тие се должни и да си ги исполнат и своите обврски. Оваа компнаија во Штип веќе 10 години произведува текстилни материјали, но и деним производи, кои само 2  проценти се пласираат на домашниот пазар, а останатото производство е на пазарите  во Турција и Европа.

Каја вели дека е во завршна фаза и изградбата на пречистителната станица за постојната фабрика за текстилно производство.

Пумпите за оваа пречистителна станица денеска пристигнаа заедно со софистицираните машини. Се очекува за еден месец да ја пуштат пречистителната станица, која ќе ја обработува отпадната вода што се користи во производството, а потоа пречистена ќе се испушта во градскиот колектор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1