Најмалку три лица се ранети во напад со автомобил бомба во близина на Судската палата во Измир, објави весникот Хуриет. Според медицински извори на западни агенции, ранети се десет луѓе.
Анадолија јави дека тројца терористи влегле во престрелка со полицијата, при што двајца од нив се смртно застрелани. Третиот осомничен е во бегство.
Турските власти воведоа забрана за известување за нападот. Локалните медиуми јавуваат дека експлозијата е причинета од автомобил бомба што експлодирал пред влезот за судии и обвинители. Поради безбедност, на вработените во судската палата не им е дозволено да ја напуштат зградата.