Турција го гради најголемиот аеродром во светот (ВИДЕО)


 Во Истанбул вчера беше поставен камен-темелникот за изградба на третиот истанбулски аеродром, чија изградба ќе чини 10,25 милијарди евра, а кој воедно ќе биде и најголемиот во светот, јави турската агенција Анадолија.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган соопшти дека третиот аеродром во Истанбул ќе биде изграден на простор од 76,5 милиони метри квадратни.

aerodrom turcija– На тој простор ќе се наоѓа затворен простор од речиси 1,4 милиони метри квадратни. Според овие пропорции, ова ќе биде најголемиот аеродром во светот. Ќе се состои од шест писти, со капацитет за 500 авиони. Со 150 милиони патници годишно ќе биде најпрометниот аеродром во светот, најави Ердоган.

Тој уште рече дека за време на изградбата на авионот на градилиштата ќе бидат ангажирани речиси 100.000 работници.

– Овде градиме не само аеродром, туку еден голем град. За време на градењето, овде работа ќе можат да најдат повеќе од 80.000 работници. Откако ќе биде изграден, на аеродромот годишно ќе бидат вработени близу 120.000 работници. Аеродромот ќе биде изграден да биде енергетски ефикасен, прецизираше турскиот премиер.

Првата етапа од изградбата ќе биде завршена до октомври 2017 година.

airport_581229847Тендерот за изградба на овој колосален аеродром ја доби турскиот конзорциум Лимак-Колин-Ченгиз-Мапа-Калјон, а изградбата ќе биде спроведена по моделот изгради-управувај-предај на државата.

Групата даде најголема понуда од 22,15 милијарди евра без ДДВ, и по изградбата со аеродромот ќе управува 25 години по што ќе мине во сопственост на државата.

За изградбата ќе бидат потрошени 350.000 тони челик и околу 10.000 тони алуминиум.

Новиот аеродром ќе има вкупно 165 патнички мостови, шински сообраќај до терминалот, четири терминал-згради, три технички блока за контрола на сообраќај, осум контролни кули, шест писти за сите видови авиони, апрон зона на 6,5 милиони метри квадратни. свечен салон, карго терминал, државна резиденција и паркинг со капацитет од 70.000 возила. Исто така, на аеродромот ќе се наоѓа и здравствен центар, хотели, противпожарна станица, верски објекти, конгресен центар и многу други објекти и услуги.

Изградбата на аеродромот во целост треба да биде завршена до крајот на 2018 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1