Административниот суд во Анкара ја суспендираше одлуката на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за забрана на пристапот на Твитер во Турција.
Одлуката беше во сила шест дена, а најавата на Ердоган дека ќе го „избрише Твитер“ предизвика остри реакции во земјата и во светот. Турскиот суд официјално го блокираше Твитер во таа земја поради „жалбите на граѓаните дека таа социјална мрежа ја крши приватноста“.