Турција се “испазари” за бегалците – паѓаат визите за турските граѓани во ЕУ


Нова фаза од преговорите помеѓу Европската унија и Турција почнува во декември, објави Reuters, повикувајќи се на проектот за заедничка декларација меѓу двете земји по состанокот во Брисел. Во декември се очекува да бидат објавени прашањата за кои ќе се работи во првите четири месеци од 2016 година и ако не се појават дополнителни или нерешливи проблеми, безвизниот режим за турските државјани најверојатно ќе биде воведен во октомври 2016 година.turcija eu

Претходно стана познато и доделувањето на 3 милијарди евра на Анкара за да ги смести бегалците од Сирија и да го намали драстично проток кон европските земји.

Според “Ројтерс”, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сфаќа колку очајно Европа бара решение на бегалската криза и поради тоа одржуваше исклучително цврста позиција во разговорите со 28-те. Така, во замена за поддршката во тешкиот за ЕУ ​​момент, Анкара  доби можност за обновување на забрзување на преговорите за прием во заедницата.

“Двете страни веднаш ќе ја зголемат соработката во однос на мигрантите кои немаат потреба од меѓународна заштита,и ќе го спречат нивното патување кон Турција и ЕУ. Тоа ќе се случи со примена на воспоставените билатерални правила за реадмисија и брзото враќање во земјите на потекло на мигрантите кои немаат потреба од меѓународна заштита “, се наведува во договорот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1