Турција собори руски авион – исламисти убиле еден од пилотите (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)


Турската воена авијација урна борбен авион на границата со Сирија што го нарушил турскиот воздушен простор, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен Турк. Според локалните медиуми, станува збор за руски авион.Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски воен авион од типот Су-24 е соборен на границата меѓу Турција и Сирија.

voznemiruvacko-500

Претходно, турските медиуми соопштија дека авионот паднал во реонот на сириското село Јамади, кое се наоѓа непосредно до турската граница, каде живеат Туркмени.

Рами Абдурахман, кој ја предводи Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, изјави дека авионот паднал во туркменистанските планини и оти засега не се знае дали бил руски или сириски.

Турски медиуми, повикувајќи се на високи воени извори, соопштија дека авионот бил урнат од турски авион-ловец Ф16 и оти пилотот бил претходно информиран, по што безбедно се катапултирал. Тој не соопшти од која земја е урнатиот авион. И на видеото кое го објави агенцијата Анадолија, се гледа како пилотот се катапултира.

Турската Влада се уште не го потврди настанот.

Според прелиминарните извештаи, авионот е соборен со ракета од земја. Министерството соопшти дека пилотите успеале да се катапултираат и сега се утврдува што се случило со нив. На интернет се појави видео снимка, на која според пишувањата е еден од руските пилоти убиен од исламисти кои извикуваат „Алах Акбар“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1