Турските власти објавија денеска дека се уапсени шест лица осомничени дека се припадници на Исламска држава кои планирале да извршат напади во градот Коња, во централниот дел на Турција.
Локалниот гувернер Муамер Ерол соопшти дека шестмина странски државјани синоќа се уапсени во Коња и додаде дека оваа група подготвувала напади на „стратешки“ локации во градот.
Од минатиот јули во Турција имаше шест бомбашки напади, од кои за четири од нив се обвинети припадници на Исламска држава.