Групни силувања врз две турски деца ја потресоа Турција, објавува Кориере дела сера.
Во гратчето Ѓолџук во западниот дел од државата, 29 мажи меѓу кои и еден полицаец беа уапсени заради групно силување на 13-годишно девојче. Насилството било откриено благодарение на наставник пред кого девојчето признало за инцидентот. Таа не сакала да зборува со родителите бидејќи насилниците и се заканувале.
Случајот предизвика реакции на гнев во Турција бидејќи се случи неколку недели откако во Мардин во Анадолија, 12-годишно девојче беше силувано од 26 мажи. Од нив 23 се уапсени, но пуштени во домашен притворр пред почетокот на процесот.
Девојчето му пиша писмо на турскиот министер за правда во кое го прашува: Имате ли ќерка? Што ќе направевте ако на неа и се случеше такво нешто? И, што да правам јас сега со мојот живот?
Во изминатите 10 години криминалните дела сексуални насилства се зголемени за 400 отсто во Турција. Во 2011 година регистрирани биле 33.000 случаи на силување во споредба со 8.000 во 2002 година.
Sitel