Турција во шок: Во авионската несреќа загина ќерката на газдата на „Башаран холдинг“


Сите 11 патници и членови на екипажот загинаа денеска откако приватен авион на турската компанија „Башаран холдинг“ се урна во Иран, изјави директорот на Турската црвена полумесечина Керем Киник.

Тој додаде дека најмалку еден од патниците е член на семејството на бизнисменот Хусеин Башаран.

Турските медиуми јавија дека станува збор за ќерката на бизнисменот, Мина (28) и седум нејзини другарки кои се враќале во Истанбул од забава во Дубаи.

Официјален претставник на турското Министерство за сообраќај изјави дека во авионот биле тројца членови на екипажот.

Иранската државна телевизија ја пренесе изјавата на портпаролот на Агенцијата за вонредни состојби Мојтаб Каледиј, според кој авионот удрил во планина кај Шар е Корда и се запалил. Несреќата се случила на околу 370 километри од Техеран.

Мина Башаран била член на бордот директори на „Башаран холдинг“ и наследничка на компанијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1