Туск: Објавувањето независност на Каталонија не менува ништо за ЕУ


Одлуката на каталонскиот парламент да ја прогласи шпанската автономна област за независна, не менува ништо за Европскиот унија. Таа ќе продолжи да разговара само со Шпанија, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

– За ЕУ ништо не се менува. Шпанија останува единствениот наш соговорник, напиша Туск на Твитер.

Тој ја повика шпанската влада да ја избере „силата на аргументот, а не аргументот на силата”.

Претседателот на Европскиот совет коментарот го напиша откако каталонскиот парламент ја прогласи шпанската автономна област за независна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1