Тужба против Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за клевета од Државниот завод за статистика


Во врска со изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата одржана на 25.10.2019 година, дека Државниот завод за статистика фабрикува извештаи по нарачка на Владата, директорот на Државниот завод за статистика изјавува дека во целост ги отфрла и демантира изјавите и шпекулациите на Мицкоски како неточни, велат во соопштение од Државниот завод за статистика.

„Државниот завод за статистика е професионална и независна институција, чија што работа е под постојан мониторинг и евалуација на Евростат, додека пак економските и монетарните статистики истовремено се и под мониторинг на ММФ. Поради изнесените клевети, Државниот завод за статистика ќе поднесе тужба за клевета до г. Мицкоски и до ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму, во однос на Пописот на население, домаќинства и станови, Државниот завод за статистика информира дека, согласно воспоставената меѓународна пракса и искуство, пописните и изборните активности не можат да се одвиваат паралелно. Во таа насока, Државниот завод за статистика ќе даде предлог до Министерството за правда, кое е официјален предлагач на Законот за попис на население, домаќинства и станови, периодот на спроведување на Пописот да се пролонгира за април 2021 година, а Законот за Попис на население, домаќинства и станови да биде донесен пред формирање на техничката Влада.

Воедно, Државниот завод за статистика изјавува дека е подготвен за разгледување на можностите за усогласување на сите отворени забелешки поврзани со Пописот со сите релевантни чинители во државава“ наведуваат во своето соопштение.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1