Кристи Шон Код, натпреварувачка на осмата сезона на готвачкото шоу „Food network star“ убиена е минатата недела, додека била во петиот месец на бременоста.
Нејзиниот сопруг Џозеф Код исто така е убиен, а властите веруваат дека двојката починала на 12 март.
Членовите на семејството во неделата пријавиле дека Кристи и Џозеф исчезнале, а соседот на оваа двојка, Роберт Џејсон Овенс бил уапсен вчера, и е обвинет за убиство од прв степен, за упад и тешка кражба и провала.
Тој се сомничи за убиство од прв степен но и за тешка кражба. Полицијата наведува дека двојката е убиена за лаптоп, накит и пиштол кои биле пронајдени кај Овенс по злочинот.
Се уште не е познат начинот на кој е извршено убиството на двојката, бидејќи се уште не се направени наодите.
Кристи наскоро требаше да започне со снимање на филмот Мисисипи.